ARTHUR MARTIN ELECTROLUX EMS2840 User Manual

Browse online or download User Manual for Unknown ARTHUR MARTIN ELECTROLUX EMS2840. ARTHUR MARTIN ELECTROLUX EMS2840 Упатство за користење

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 10
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 0
20
Чистење и одржување
Печката мора постојано да биде чиста.
Остатоците од храна кои се налепени на
ѕидовите ја привлекуваат микробрановата
енергија и постепено загоруваат. Поради тоа
ефикасноста на печката се намалува и од неа се
шири непријатна миризба. Не се обидувајте
сами да ја подесувате или поправате печката.
Препуштете им го тоа на квалификуваните
сервисери.
Пред да почнете да ја чистите печката,
проверете дали е исклучена од струја.
Чистење на додатоците
(ротационата плоча и прстенот)
Извадете ги додатоците од печката и исчистете
ги со средство за миење садови.
ВНИМАНИЕ: Не ги вадете додатоците
непосредно по користењето на печката. Нивната
температура е многу висока.
Чистење на внатрешноста
Внатрешноста на печката мора постојано да
биде чиста. Избришете ја нечистотијата веднаш
по употребата. Остатоците од храна кои ќе
останат налепени на ѕидовите, вратата и
системот за затворање, ќе ја апсорбираат
микробрановата енергија, поради што
ефикасноста на печката ќе се намали, а можно е
и да се оштети внатрешноста. Дамките може да
ги отстраните со мека крпа, намокрена во топла
вода со благ, течен детергент.
НЕ УПОТРЕБУВАЈТЕ АБРАЗИВИ,
КОМЕРЦИЈАЛНИ СРЕДСТВА ЗА ПЕЧКИ ИЛИ
ЖИЦА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА БИЛО КОЈ ДЕЛ ОД
МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА.
За да попуштат најтврдокорните налепени
остатоци, ставете една шоља со вода во
печката и оставете ја да врие 2-3 минути.
ОСТАТОЦИТЕ НАЛЕПЕНИ НА ПЕЧКАТА И
ДОДАТОЦИТЕ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ВАДАТ СО
НОЖ ИЛИ СЛИЧЕН ПРИБОР.
За да ја неутрализирате непријатната миризба
во печката, во една шоља со вода ставете 2
лажици лимунов сок и оставете ја да врие 5
минути.
Чистење на греачот за скара
На греачот може да се налепат капки од маст и
зејтин кои прскаат додека месото се готви.
Затоа, по секоја употреба, почекајте
внатрешноста да се излади целосно и
пребришете ги ѕидовите и греачот. Доколку не
го сторите тоа, при наредната употреба може да
се јави чад и непријатна миризба. За да го
олесните чистењето, полека повлечете го
греачот надолу.
Иако моторот кој ја врти ротационата плоча е
запечатен, внимавајте при чистењето да не се
слее вода низ осовината.
Чистење на надворешноста
Оставете ја вратата од печката отворена додека
ја чистите нејзината надворешност. На тој начин
печката нема да може да се вклучи
несакано.Пребришете ја надворешноста со мека
крпа, намокрена во топла вода со благ
детергент. Потоа пребришете ја со крпа
намокрена во чиста вода, за да го отстраните
вишокот детергент. На крај, исушете ја
надворешноста со сува крпа.
Можат да се користат и спрееви за стакла, како
и универзални спрееви за во кујна. Не
употребувајте абразиви, жица или јаки
хемикалии. Внимавајте да не се провлече вода
низ отворите за вентилација.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Page view 0
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

Summary of Contents

Page 1 - Чистење на внатрешноста

20 Чистење и одржување Печката мора постојано да биде чиста. Остатоците од храна кои се налепени на ѕидовите ја привлекуваат микробрановата енергија

Page 2 - СОДРЖИНА

10 Исклучување на биперот Една од карактеристиките на вашата микробранова печка е и можноста да го исклучите биперот. На тој начин, нема да се слуша

Page 3 - Технички податоци

2 СОДРЖИНА Пред да започнете со употребата...4 Технички податоци...4 Сигурносни упатства.

Page 4 - Сигурносни упатства

18 Програми за автоматско одмрзнување Тип на храна Време на отстојување Инструкции Месо 20 - 60 минути Заштитете ги рабовите на месото со алумини

Page 5 - Инструкции за храната

4 Сигурносни упатства• Во системот за затворање е вграден посебен прекинувач кој не дозволува печката да работи со отворена врата. • Не се поигрув

Page 6 - Восочна хартија

16 Препораки за мануелно одмрзнување Некои типови на храна, како на пр. лебот и овошјето, можат успешно да се одмрзнат и мануелно, со користење на м

Page 7 - Автоматско подгревање

6 Упатства за приборот и додатоците За микробраново готвење може да се користи различен материјал и прибор. Сепак, за да не се доведете во опасност

Page 8 - Автоматско одмрзнување

14 Автоматско подгревање 1. Отворете ја вратата и ставете ја храната на ротационата плоча. 2. Со притискање на копчето за авт. подгревање, одберет

Page 9 - Подесување на часовникот

8 КОНТРОЛНА ТАБЛА 1. Екран На него се прикажани времето за готвење, часовникот и подесеното ниво на моќност. 2.

Page 10 - МИКРОБРАНОВО ГОТВЕЊЕ

12 Готвење со скара На располагање ви се три комбинации на микробраново готвење и скара. 1. Отворете ја вратата и ставете ја храната на решетката.

Comments to this Manuals

No comments